Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кралскиот клуб вечерва гостува кај Леганес, во натпревар кој може да одлучи многу работи.
Избраниците на Зинедин Зидан гостуваат кај новајлијата во лигата во надеж дека може да дојдат до нов триумф.
На спомениот дуел на терен во боите на Мадриѓаните сосема сигурно нема да истрчаат ѕвездите во тимот Кристијано Роналдо и Герет Бејл, кои се поштедени пред некои многу важни мечеви во лигата така и во Лигата на шампионите.
Сепак, ни дуелот со Леганес не смее да падне во редот на мечеви од втор приоритет и покрај јасната разлика во квалитет, бидејќи Барселона вечерва ја дочекува Севиља, а во случај Блауграната да загуби бодови од Андалузижаните, Реал ќе има шанса да избегне на пет бодови повеќе со натпревар помалку, и ситуацијата во врвот ќе стане многу појасна.
Сепак, сепак се одлучи да не ги поведе Роналдо и Бејл, па судејќи по се има целосна доверба во останатите играчи кои ги на располагање.
Во составот треба да се очекува Лукас Васкез, а најверојатно и Хамес Родригез, наместо споменатите двајца.
#RealMadrid 1⃣9⃣ ??
? @CDLeganes
? Tonight / Esta noche
⏰ 21:30 CEST
? Butarque
? LaLiga pic.twitter.com/2v1lQg5YCD— Real Madrid C.F. (@realmadriden) April 5, 2017