Тренерот на Малага кој е дете на Реал отворено призна дека му се радува на поразот на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Малага вчера на Ла Росаледа ја победија Барселона, 2:0.

Тие на тој начин му направија голема услуга на Реал Мадрид кој остана со три бода повеќе од Барселона и еден натпревар помалку.

Многу интересна изјава после овој натпревар даде тренерот на Малага, Мичел Гонзалез кој помина 14 сезони во Реал Мадрид, а за кралевите одигра 404 натпревари и постигна 97 погодоци.

„На Реал не му требаше помош од никој и ќе биде шампион. Ако јас како мадридиста можам да им помогнам тоа ќе биде фантастично“, изјави Мичел.