Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико му одговори на заинтересираните.
И тој фудбалот има негативни страни. Малку има време за одмор, досадни се и аеродромите и хотелите, за папараците да не зборуваме. Но има свои добри карактеристики, а една таква овие дена би можел да запознае Антоан Гризман.
Мадриски АС соопшти дека раководството на Атлетико одлучи на својот најдобар фудбалер да му понуди зголемување на платата за која за повеќето од нас ќе ги заврши сите животни проблеми или барем оние финансиските.
Гризман ќе добие зголемување од астрономски 3 милиони евра.
Кога знаеме дека мометално заработува 7 милиони евра годишно ќе дојдеме до вкупна плата од 10 милиони евра годишно. А бидејќи договорот му истекува со јорганџиите во 2021-ва година, а Атлетико планира да го продолжи. Ако договорот му биде продолжен до 2022-ра година оваа зголемување ќе значи плус на сметката од астрономски 15 милиони евра.
И внуците да бидат мирни.
Ќе скокне и цената на Гризман која по актуелниот договор изнесува 100 милиони евра.