Милан го следи новиот Агуеро! Играше во шеста лига, не го сакале Бока и Ривер, Милито ми го препозна талентот, а сега чини 20 милиони! (Видео)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Интересна животна приказна на младиот аргетински офанзивец.

Тешко време во Милан и голема прашина во касата на паднатиот гигант треба да се замени финансиската благосостојба во тој момент кога кинескиот конзорциум ќе ја преземе и дефинитивно сопственичката структура.

Додека тој ден се чека со месеци наназад, Винченцо Монтела го разлегува пазарот и прави некакви планови за во иднина, во случај финансиската инјекција конечно биде инјектирана до лето.

Листата на на потенцијални аквизации е долга, а на неа се наоѓаат имиња за кои фудбалскиот свет допрва треба да слушне.

Во прашање е 18-годишниот бисер на аргентински Индепендиенте, Езекиел Барко.

Момче кое многумина го споредуваат со Серхио Агуеро, првенствено поради нискиот раст (167 сантиметри е висок Барко), но и сериозната брзина и завидната фудбалска техника, може да биде меѓу најбараните производи на пазарот, доколку продолжи да расте и да се развива по ова темпо.

Имено, Барко до претминатата година играше во шестата лига на аргентинската клупска пирамида, поради тоа што настапуваше за една академија од Росарио.

Кога синот на легендарниот Хорхе Гриф, Диего, инаку координатор на скаутите во Индепедиенте за ниските аргетински лиги, го откри талентот на Езекиел, брзо следеше повик во аргетинскиот Индепендиете, што промени се. Се тоа се случуваше во текот на првиот квартал од 2015 година.

Но прво беше проектирано да заигра за младите категории, каде се и задржа кратко, Барко експресно покажа потенцијал и во оваа сезона дебитираше за првиот тим.

Неговиот талент почна да го формира тогашниот тренер, некогашниот стопер на Барселона – Габриел Милито.

Одма потоа следеше и повик за У-20 репрезентацијата на Аргентина.

Досега веќе одигра 12 натпревари за сениорскиот погон на Индепендиете, даде еден погодок и најави дека може да доживее вртоглав прогрес во наредниот период.

Но Милито замина од Индепендиенте, Барко и понатака е во клупскиот систем.

Поради тоа неговата цена веќе скокна на 20 милиони евра.

Езекиел Барко поради својата висина често беше оспоруван во аргентинските фудбалски кругови.

Со 11 години отиде на проба во Ривер Плата и Бока Јуниорс, но тренерите на младите категории одма се откажуваа,  дури и му зборуваа дека не е за фудбал, поради тоа што е физички инфериорен во однос на своите врсници, па дури и поединци од младите генерации.

Тоа, сепак, не го спречи да оди по својот сон, па на крајот доби повик кој му го промени животот.

Сега Милан се интересира, а веројатно е прашање на време кога тоа ќе го направат и финансиски помоќни клубови.