Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот судејќи според се кариерата ќе ја продолжи во клубот во кој длабока трага остави легендарниот играч со кого сите го споредуваат.
Британскиот весник Гардијуан пишува дека Н`Голо Канте е на чекор од Стенфорд Бриџ.
Лестер сакаше да го задржи еден од најважните играчи во екипата која во минатата сезона ја освои првата титула шампион на Англија во клупската историја, но се е најважно дека нема да успее во таа намера.
Репрезентативецот на Франција сака да ја продолжи кариерата во поголем клуб и тоа судејќи по се ќе биде Челси.
Сините се спремни да понудат понуда тешка 27 милиони фунти и се очекува наскоро да се реализира овој трансфер. Тоа е речиси пет пати поголема сума од таа по која Лисиците го купија Канте од Каен во минатото лето (5.6 милиони).
Доаѓањето на одличниот последен играч за врска во западен Лондон веројатно ќе значи и заминување на Немања Матиќ, кој не е играч по вкусот на новиот менаџер Антонио Конте, но и откажувањето од Раџа Наинголан, играчот за врска на Рома кој често се доведуваше во врска со Сините во медиумите.
Челси во ова лето доведе само едно засилување досега, од Марсеј стигна белгискиот напаѓач Мичу Батшуају.
Chelsea make £27m offer for Leicester City’s N’Golo Kanté | @FabrizioRomano & @m_christenson https://t.co/3KbGKOMiwB pic.twitter.com/M9qznEX4Ah
— Guardian sport (@guardian_sport) July 14, 2016