Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот е успешно опериран.
Се извлече Марк Бартра. Не беше опасно по живот, но не беше ни малку наивно. Стоперот на Борусија од Дортмунд е успешно опериран после повредата здобиена во терористичкиот напад на автобусот на Милионерите, во пресрет на натпреварот со Монако кој требаше да се одигра во вторникот вечер.
Шпанскиот дефанзивец утрово го оперираше членот на левата рака и десната подлактица, повреди настанати од парчина стакло што пукна од прозорот на автобусот, после три експлозии.
Сега, сепак, се е во ред, што потврди и некогашниот член на Барселона со објава на друштвената мрежа.
„Здраво на сите! Како што можете да видите, сега сум многу подобро. Благодарам на сите за поддршката и пораките кои ми ги испраќате. Цела моја сила сега е насочена кон соиграчите, навивачите и симпатизерите на Борусија, пред вечерашниот меч“, порача Марк Бартра од болница.
Како што сега работите стојат, тешко е да се процени дали Бартра до крајот на сезоната ќе се врати на терен.
Инаку, натпреварот Борусија – Монако е одложен за денеска и почнува во 18:45.