Французите без Цонга против Србија!

Франција нема да може да смета на Жо Вилфред Цонга на средбата против Србија во Дејвис Купот.

Цонга порано годинава се изјасни дека нема да настапува за националниот тим и тренерот не успеа да го убеди.

„Направив се што можев но не вредеше. Сепак ми рече се на време и немам причина да бидам лут“ – вели тренерот на Франција Јаник Ноа.

1/2 помеѓу Франција и Србија се игра од 15 до 17ти септември а во второто полуфинале се Австралија и Белгија.