Бака се враќа во Примера?

Преговорите со Вест Хем дефинитиво пропаднаа, па Колумбиецот сега гледа кон Шпанија, каде што остави длабока трага настапувајќи за Севиља.

До договор меѓу агентот на Карлос Бака и управата на Чеканите не дојде ни после вториот обид, проблем беа примањата, колумбискиот напаѓач бараше 5 милиони годишно, што е милион помалку од сумата која му е нудена од страна на челниците на лондонскиот клуб.

Меѓутоа, италијанските медиуми истакнуваат дека не е само до парите, веќе и дека амбиција на Бака е да игра во Лигата на шампионите.

Милан така дефинитивно и пропадна шансата да заработи 30 милиони евра на својот најдобар стрелец и играч од минатата сезона. Тоа беше цената која Росонерите ја договорија со Вест Хем.

Сега во прв план како потенцијална следна дестинација во кариера излезе Атлетико Мадрид, но се е тоа и понатака на ниво на шпекулација.

Изгледа дека Валенсија отпадна како опција бидејќи нема да игра во Лигата на шампионите, а според последните најави во трката за репрезентативецот на Колумбија се вклучи и Арсенал.

Топџиите судејќи според се ја загубија битката за Гонзаго Игуаин од Јувентус, па сега Карлос Бака е наводно утеха за Пипита.