Спектакуларен трансфер во најава: Мурињо го доведува одличниот стрелец на Театарот на соништата


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Веќе одамна е јасно дека за Хамес Родригез нема повеќе место во Реал Мадрид.

Колумбиецот и прв стрелец на Мундијалот во 2014 година не е по вкусот на Зинедин Зидан, кој очигледно го пречкрта.

Веќе одамна е познато дека Хамес е на радарот на ПСЖ и на уште некои клубови, но сега во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Марка тврди дека Реал Мадрид ја прифати понудата од 80 милиони евра за неговите услуги, а единствен кој е спремен да издвои толку пари е англискиот гигант.

Колумбиецот така сега е само на чекор од Театарот на соништата, поготово кога се знае дека го застапува Хорхе Мендеш.

Непотребно е да се повторува каков однос има славниот агент со Жозе Мурињо, и дека е можно многу брзо да видиме уште еден спектакуларен трансфер.