Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот белгиец е првата мета на Монако за следната сезона.
Монако прави чуда оваа сезона.
Тие успеаа да обезбедат пласман во полуфиналето во ЛШ, ја победија Борусија во четвртфиналето, а во домашното првенство се главни фаворити за освојување на титулата.
Имаат неколку фантастични млади фудбалери, а планот им е да ги задржат за во иднина да бидат уште посилни.
А имаат план да го доведат еден од најталентираните фудбалери во светот, Јури Тиелеманс.
Младиот белгиец кој игра во средниот ред оваа сезона е носител на играта на Андерлехт, а и вчера беше во центарот на вниманието против Манчестер Јунајтед.
Иако има само 19 години, неколку години е стандарден првотимец во Андерлехт и во тој клуб мислат дека би можеле да профитираат во летниот преоден рок.
Монако е прва мета, ќе дадат се од себе да го доведат во својот тим, посебно после парите кои ќе го освои од наградите во ЛШ.