Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Завршија и трите натпревари од последното десето коло во македонската кошаркарска суперлига.
Работнички лесно го совлада Фени Индустри, 71:89.
После првата четвртина Работнички имаше водство од 17 поени, 15:32. До полувреме домашните намалија на 13 негатива, 33:46. Пред последните десет минути од натпреварот Работнички имаше плус 15, 51:66. Работнички го задржа водството до крајот на натпреварот и победи, 71:89. Мишановиќ со 18 поени го предводеше Работнички. Тасовски и Мираковски додадоа по 15, а Николиќ 13 поени. Кај поразениот тим најмногу се истакна Стајиќ со 13 поени.
Карпош Соколи на домашен паркет стигна до победа против Кожув, 85:77.
Соколите после првите десет минути играа имаа водство од три поени, 22:19. На полувреме домашните заминаа со пет поени предност, 44:39. Одличната игра на соколите во третата четвртина им донесе плус 11 пред последните десет минути од натпреварот, 66:55. До крајот соколите го задржаа водството и победија, 85:77. Лабовиќ со 17 поени го предводеше Карпош Соколи. Соколов додаде 15, Пери 13, а Зековиќ 11 поени. Кај Кожув најефикасен натпреварот го заврши Крстевски со 26 поени.
МЗТ Скопје го декласира Куманово, 61:80.
Плус два имаа аеродромци после десет минути игра, 17:19. Фантастична игра на гостите во втората четвртина. МЗТ ја одржуваше големата предност и на крајот заслужено победи, 61:80. Мекиќ со 19 поени го предводеше МЗТ Скопје. Дреновац додаде 15, а Катниќ 11 поени.
Во борбата за титула МЗТ Скопје ќе игра против Куманово, а Карпош Соколи против Работнички.