Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се наведува на тоа дека Португалецот ќе биде еден од фудбалерите кој ќе го одбележи финишот на фудбалскиот пазар.
Од почетокот на преодниот рок неговото име се доведуваше во врска со голем трансфер во некој од најмоќните клубови на денешницата, но приказната никако да се помести. Андре Гомеш и понатака го чека расплетот. Шампионот на Европа со Португалија е еден од најбараните фудбалери на Европа.
Валенсија за Андре Гомеш бара 65 милиони евра што е секако премногу, без оглед на квалитетите на Гомеш и потенцијалот.
Клубот од Местаља остана без пласман во Европа, буџетот ќе мораат да го полнат на различни начини, а продажбата на Гомеш е една од најдобрите опции.
Тој на Валенсија нема да значи во тимот за наредната сезона отколку што би и значела финансиската инјекција од неговата продажба. Шпанците избраа да се коцкаат со висината на оштетата која засега се одбива и од најбогатите.
Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Манчестер Јунајтед досега се споменуваа како идни дестинации на универзалниот играч за врска.
„Новинарите повеќе знаат за мојот живот од мене“, неодамна рече Гомеш.
Беше тоа иронија, но и вистина. Португалецот е една од многубројните, но и највредна марионета на Хорхе Мендеш.
Најмоќниот менаџер на светот во ова лето немаше многу големи трансфери, во сенка е на Мино Раиола, а Гомеш многу веројатно ќе биде најголемо продавање во ова лето.
Валенсија не се откажува од фиксната клаузула вредна 65 милиони евра бидејќи никогаш не е решено во кој сооднос е сопственичкиот договор на Гомеш, а колку пари припаѓаат на Мендеш.
Јасно е дека Суперагентот инсистира на трансфер и затоа не треба да чуди ако Гомеш не е запознаен со продолжување на кариерата. Не се прашува тој, туку менаџерот. А токму Мендеш пред 11 дека зачука на вратата на Реал Мадрид и го понуди Гомеш.
Далеку од тоа дека Гомеш е роба која се нуди од врата до врата. Мендеш сака да ги задржи добрите односи со Реал и затоа на нив им понуди право на купување. А Реал веќе долго време го држи Португалецот на радарот. Шпанска Марка денеска пишува дека Реал знаат се за младиот играч за врска кој го следеле уште додека играл во Бенфика.
Иако не се вклопува во моделот на Перез „галактично засилување“ се вклопува во визијата на Зидан. А поради тоа што не сакаше да го купи Канте, претседателот во овој случај ќе мора да биде дарежлив кон тренерот кој му донесе титула шампионот на Европа. Доста зависи и од расплетот со Погба поради тоа што Реал сеуште не се откажа иако прилично олади интересот за Французинот.
Каде Зидан ќе го стави Гомеш? Логично прашање со оглед на конкуренцијата во Реал…
Може било каде во средниот ред бидејќи Португалецот има талент да покрива повеќе позиции, но најдобро се снајдува на левата страна. Ковачиќ е најблиску до заминување, но ако Гомеш дојде, Реал мора да се реши од уште еден играч за врска.
Иско или Хамес Родригез? Фаворит на Зидан е Иско, миленик на Перез е Хамес. Кога ќе се направи концензус, и Гомез ќе биде на чекор поблиску до Мерегенсите. Реал ќе го намали откупот со уфрлување во приказната на играчи као Хесе или Медран.
Тоа е сценарио за Реал, но ако многу отежнуват, Кралевите може да извисат за португалскиот играч за врска.
Вечниот ривал Барселона не крие дека е заинтересиран за Гомеш. Поточно, Луис Енрике е негов голем фан. Проблем е што клупската управа не е толку загреана како тренерот.
Директорот Фернандез има други планови.Проблем е и што Барселона нема пари за Гомеш.
Колку и да звучи чудно, буџетот за плати е преоптеретен и нема место за уште една висока заработка. Или барем нема моментално доека не се ослободат од некои играчи кои се вишок.
Најголем проблем е Арда Туран. Ако Барселона успее да се реши од него и неговата плата, ќе се отвори вратата за доведување на Гомеш. Заинтересирани за Турчинот има, но, се зависи од него и ако тврдоглаво инсистира на останување, тогаш на Барселона се врзани рацете…
Списокот на потенцијалните работодавци се продолжува со Манчестер Јунајтед. Рачката Жозе Мурињо – Хорме Мендеш е секогаш подмачката за некој голем трансфер. На Мурињо Гомеш добро ќе дојде, но и тука се зависи од Погба. Дури ако Јунајтед и дефинитивно извиси во трката за Французинот, може да се очекува доаѓање на Гомеш.
За Португалецот од Валенсија сонува и Јувентус. Веќе долго време Старата дама го стега обрачот околу Гомеш. Дури и Јуве е единствен клуб кој излезе со конкретна понуда. Пред неколку недели понудија 40 милиони евра но се одбиени.
Рекоа дека нема да одат над тоа и тие имаат доволно време да чекаат.
Моментално се зависи од зделките околу Пјаца и Игуаин и дури кога се ќе биде завршено, ќе се свртат кон Гомеш кој би бил последно големо засилување во овој преоден рок.
Друга опција е Немања Матиќ. Да потсетиме дека веќе го доведоа Пјаниќ, но им е потребно уште едно големо засилување во средниот ред поради тоа што заминуваат Переира, Лемина и Ернанес. Дури трета опција ако не успеат со Гомеш или Матиќ е Лукас Биља од Лацио за кого ќе издвојат меѓу 10 и 15 милиони евра.
На крајот, тука е и Челси. Пред месец дека изгледаше дека се баш загризаа за Гомеш, но во последно време интересот олади. Можно е да Конте против трансфер, но ако Италијанецот прифати Челси повтроно ќе влезе во трката со четирите гиганти.
Валенсија и понатака тврдоглаво ја држи цената од 65 милиони евра, но сите знаат дека тие пари им се итно потребни. Успееја да се решат од Негредо но тоа е само еден од финансиските маневри кои мораат да ги изведат.
Поготово ако не го продадат Шкодран Мустафри кој го нудеа на клубовите ширум Европа за 30 милиони евра. Продажбатана Гомеш ќе ги затвори сите дупки во буџетот на клубот од Местаља. Се чека кој прв ќе испрати понуда која ќе ги натера Шпанците на размислување.