Сити „краде“ засилување на Челси?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Според сознанијата на британските медиуми, почнува тотална војна за германскиот репрезентативец.

Штом е пуштена во етер вест дека Сините од западен Лондон сакаат да се засилат од Рим, следеше реакција од Итихад.

„Скај Спортс“ сознава дека Манчестер Сити влезе во трка за дефанзивецот на Рома Антонио Рудигер, и спремен е да издвои преку 40 милиони евра за негово доведување.

Освен во Челси, Граѓаните конкуренција ќе имаат и во Интер.

Рудигер има 24 години, моментално е еден од најбараните дефанзивци поради висината, силата и брзината, како и можноста да игра и стопер и бек, и може да биде еднакво користен во формација и со тројца и со четворица играчи во последна линија.

Роден е во Берлин во мешан бран од татко Германец и мајка од Сиера Леоне, во родниот град ги направи првите фудбалски чекори слеејќи го братот по мајка и поранешен напаѓач на Милионерите и Хофенхајм, а „се описмени“ на академиите од Борусија Дортмунд и Штутгарт.

Рома во летото го откупи од “Швабите“ за 9 милиони евра (плус бонуси), поради тоа што во минатото лето одлично се покажа на позајмица.

Антонио Рудигер досега запиша 12 настапи за репрезентацијата на Германија.