Баерн со два погодоци во судиското продолжение го сруши Лајпциг, Дортмунд освои бод против Аугсбург, петарда за Вердер од Хофенхајм


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Се одиграа сите девет натпревари од 33-то коло во Бундеслигата.

Баерн Минхен го победи Лајпциг на гости, 4:5.

На почетокот на натпреварот Сабицер ја затресе мрежата на баварците. Левандовски од пенал го израмни резултатот. Во 29-та минута беше досуден пенал за домашните, а Вернер го врати водството на Лајпциг. Почетокот на второто полувреме донесе уште еден погодок во мрежата на гостите, овој пат стрелец беше Поулсен. Алкантара постигна погодок за 3:2, а Вернер со својот втор погодок на натпреварот го зголеми водството на Лајпциг на два погодоци. Шест минути пред крајот на натпреварот Левандовски го постигна вториот погодок на нaтпреварот, а Алаба со мајсторија во судиското продолжение од второто полувреме од слободен удар го израмни резултатот, 4:4. Во 95-та минута Арјен Робен ги постави конечните 4:5.

 

Аугсбург и Борусија Дортмунд ремизираа, 1:1.

Финбогасон донесе водство за домашните, а четири минути подоцна Обамејанг израмни. Во второто полувреме не се затресија мрежите, а двата клуба ги поделија бодовите, 1:1.

 

Хофенхајм го декласира Вердер Бремен, 3:5, Херта на гости го победи Дармштадт, 0:2, Фрајбург и Инголштадт ги поделија бодовите, 1:1, Леверкузен и Келн одиграа 2:2, Мајнц на домашен терен беше подобар од Франкфурт, 4:2, a Шалке и Хамбургер освоија по бод, 1:1. Натпреварот помеѓу Волфсбург и Менхенгладбах беше прекинат на резултат 1:1.