Подолски успеа да ги испровоцира навивачите на Тотенхем!

Некогашниот играч на Арсенал, Лукас Подолски денеска се одлучи на својот твитер профил да објави нешто во врска со рушењето на Вајт Харт Лејн, стадионот на Тотенхем.

Познато е дека дуелот против Јунајтед беше последен на Вајт Харт Лејн, па на тоа денеска се сети и Лукас Подолски.

Подолски објави фотографија со која сакаше да ги провоцира навивачите на Тотенхем и успеа во тоа. Напиша: „Вајт Харт Лејн, ти благодарам за сите убави моменти“