Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јапонскиоит фудбалер Кеисуке Хонда вчера против Болоња го идигра својот последен натпревар во дресот на Милан на Сан Сиро.
Хонда беше стрелец на еден гол во победата на Росонерите од 3:0, а после натпреварот порача на навивачите на овој клуб дека ова беше негов проштален натпревар.
Веќе долго се шпекулираше дека јапонскиот фудбалер ќе ги напушти редовите на Милан, а сега донесе конечна одлука дали тоа ќе го направи во ова лето.
Јапонскиот фудбалер одигра само седум натпревари во Серија А, а во еден беше стартер.
Во последното коло од Серија А Милан во овој викенд игра во гости против Каљари и тоа ќе биде шанса за Хонда за официјално да се прости и од навивачите.
„Најдобри навивачи на светот, ви благодарам. Имаше доста предизвици за мене во овие три години и пол години колку што играв во Милан и можам да кажам дека доста научив. Ќе го напуштам Милан на крајот на оваа сезона, но се надевам дека наскоро повторно ќе се сретнеме. Можеби тогаш нема да бидам играч и кој знае што носи животот. До тогаш ќе се потрудам да тренирам и да играм што подобро. Благодарам на сите. Форза Милан“, порача Хонда.