Јунајтед потпиша со најскапата грешка во историјата на фудбалот – На Јувентус 101 милион евра, на Погба 100 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Втората понуда е прифатена, Французинот се откажа од дел од парите.

После првата понуда која беше одбиена, набрзо стигна и втора која беше прифатена. Пол Погба се сели во Манчестер Јунајтед.

Јунајтед тргна со 101 милион евра, Јувентус одби и побара 120 милиони плус бонуси. Вчера Јунајтед понуди 110 милиони евра и Јувентус кажа ДА. Италијанците ќе заработат преку 100 милиони евра. На крајот Погба и Раиола се согласија да се откажат на нешто повеќе од 20%. На Јувентус ќе му одат 101 милион како оштета.

Погба со Јунајтед ги договори сите услови одамна. Французинот ќе потпише 5-годишен договор со црвените ѓаволи, а ќе заработува 15 милиони евра по сезона и ќе има бонуси од 5 милиони, па така ќе заработи 100 милиони за 5 години.

После четири години, Погба се враќа на Олд Трафорд. Како најскап фудбалер во историјата на фудбалот. Замина од Јунајтед како слободен играч во времето на Фергусон. Сакаше поголем договор, но не доби во Јунајтед. Контроверзниот италијански менаџер, Мино Раиола ова лето ги доведе Ибрахимовиќ и Миктаријан на Олд Трафорд, а кога беше Фергусон му беше забрането да соработува со него.