Гвардиола испрати понуда во Мадрид


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Не се откажува, но делува како невозможна мисија.

Пеп Гвардиола не може да го прежали Тони Крос. Замина од Баерн во Реал, сега каталонецот повторно сака да соработува со него.

Тој го гледа како идеално решение во средината на теренот во тандем со Илкај Гундоган.

Но, тешко дека понудата од 60 милиони ќе го натера Реал на размислување. Постоеше опција Германецот да му отстапи место на Погба, но Зидан не сака да слушне за заминување на Германецот од Мадрид.

Сити има пари за уште еден играч за врска, но засега нема знак кој би можел да биде тоа. Крос е желба која нема да се оствари, се зборуваше за Алкантара, но ќе видиме што ќе одлучи Гвардиола.