Повредите продолжуваат да ја уништуваат кариерата на Ројс

Да не беа повредите Марко Ројс денес најверојатно би бил еден од најдобрите фудбалери на светот
Играчот на Дортмунд кои поради повредите го пропушти светското првенство во 2014 и Европското во 2016 никако да дојде до својот максимум и да биде во потполна физичка спремност.

За навивачите на Борусија и Ројс пристигнуваат лоши вести,бидејќи овој играч доживеа уште една повреда на
финалето во ДФБ купот.

Ројс одигра само 45 минути во финалето против Франкфурт (2:1)  а подоцна беше утврдено дека фудбалерот
ги искинал лигаментите на коленото,со што ке му биде потребна голема пауза.

Марко Ројс и оваа сезона се соочи со големи проблеми со повредите,поради кој одигра вкупно
24 натпревари,од кој 17 во бундес лигата.