Без изненадување – Англија доби нов селектор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што се очекуваше, Сем Алардајс е нов селектор на Англија.

После тоа што Рој Хоџсон си замина од клупата на гордиот албион после неуспехот на ЕП во Франција, главен фаворит за негов наследник беше Сем Алардајс.

После неколку разговори со неколку тренери, од фудбалскиот сојуз на Англија денес официјално соопштија дека тој ја преземе репрезентација.

Алардајс после играчката кариера, со тренерската работа почна во 1991-ва година како играч-тренер на Лимерик. Следеа Престон, Блекпул, Нотс Каунти, Болтон, Њукасл, Блекбурн, Вест Хем и Сандерленд.