Отворена дупка во одбраната на Сити, Гуардиола бара бекови…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


 

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гуардиола деновиве се фокусира на еден голем проблем кој го има Манчестер Сити, а тоа се бековските позиции.

Што ли не проба во сезоната што измина, тренерот кој дојде од Баерн МИнхен, ги играше прво Клиши, па Забалета, Коларов а на крајот дури ги користеше и Фернандињо и Жесус Навас како бекови.

„Немаме бекови кои се млади и полетни, кои ќе можат да трчаат и двете страни, нашите бекови се по 33-ри години“ – изјави Пеп.

Откако не успеаа да го потпишат Дани АЛвес, кој замина во ПСЖ, тие моментално го меркаат бекот на ТОтенхем Кајл Вокер, за интересна сума од 57 милиони евра, но тука е и Бенџамин Менди кој игра за Монако, но и за него ќе мораат да искешираат 45 милиони евра.