Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хјустон Рокетс сѐ уште пробуваат да го донесат Кармело Ентони во нивниот состав и се надеваат дека соработката со Крис Пол и Џејмс Харден ќе го врати Мело во формата од Олимпискиот тим на САД.
Ентони е еден од најдобрите поентери во НБА и неколкупати досега докажал дека кога игра со врвни играчи, како што е тоа случајот во Олимпискиот состав, тогаш од него излегува максимумот.
Доколку се случи неговата размена во Хјустон, токму тоа се очекува од него. Бидејќи Мело ќе биде поштеден од одговорноста да креира напади за неговиот тим поради присуството на Пол и Харден во составот, од него ќе се очекува да ја “разработи” поентерската машина во себе и да биде алката која недостасува за да го однесе тимот од Хјустон до титулата.
Кармело Ентони е во лоши односи со раководството на Њу Јорк Никс и сѐ поизвесно е дека ќе го напушти тимот до крајот на летото.