Двајца загинати во стампедо на фудбалски стадион во Јужна Африка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска на трибините на стадионот Сокер Сити во Јужна Африка, загинаа двајца навивачи а уште десетина беа повредени во стампедото кое се случи додека на теренот играа Кајзер Чифс и Орландо Пајретс.

 

Пријателскиот натпревар помеѓу двата најпопуларни клубови во Јужна Африка донесе трагедија за фудбалскиот свет во земјата која беше домаќин на Светското Првенство во 2010 година. Впрочем, стадионот Сокер Сити е истиот оној на кој Шпанија и Холандија го играа финалето на Светското Првенство и Шпанија во тој меч ја совлада репрезентацијата на Холандија со 1-0. Сокер Сити е најголемиот стадион во Јужна Африка и има капацитет од 87 000 седишта.

Според податоците кои стигнуваат од таму, стампедото се случило во близина на една од портите преку кои се влегува на трибините.

Изненадувачки, поради брзата интервенција на медицинските и полициските екипи, мечот продолжи без големо задоцнување и тимот на Кајзер Чифс го победи тимот на Орландо со 1-0.