Моу во невозможна мисија: Сака да доведе еден од најдобрите дефанзивци во Европа


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Леонардо Бонучи, пишува “Manchester Evening News”.

Црвените ѓаволи сакаат да ја засилат одбраната, а иако веќе доведоа еден дефанзивец во ова лето – Ерик Бејли, фрлија око и на искусниот Италијанец.

И додека е само прашање на денови кога Пол Погба ќе потпише за Јунајтед, доаѓањето на Бонучи на Олд Трафорд е сепак помалку веројатно.

Бонучи е една од најголемите ѕвезди на Јувентус, договорот со клубот му трае уште четири години, а наводно и порано одбиле и вртоглава понуда од 60 милиони евра за играч која ја испратиле од Манчестер Сити.

Сепак, ова е Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо, па се е можно…