Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тесен распоред за Андре Гомеш. Во вторник слетува во Барселона, кратко фотографирање во 17:30 во клупските канцеларии, па лекарски прегледи во тренинг центарот.
Резултатите ќе ги чека до среда наутро, ако бидат добри, а нема причина да не бидат добри, во 11:30 официјална презентација на Ноу Камп, во 12:30 фотографирање на стадионот со присуство на публика, во 13:15 оди на конференција пред новинарите, па повторно на стадионот, заедно со спортските директори, Џорди Местре, Алберт Солер и Роберт Фернандез.
Договорот ќе биде потпишан на пет години, а Барселона денеска официјално потврди, дека на Валенсија ќе и биде исплатено 35.000.000 евра на име на обештетување.
Дополнителните 20.000.000 евра, ќе зависат од игрите на Гомеш, но и резултатите на каталонскиот тим.
Иако деталите не се познати, локалните медиуми пренесуват, дека Валенсија може однапред да смета на тие пари.