ЕП У-16 во кошарка: Македонија го победи Луксембург!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


 

Младите кошаркарски надежи успеаја да стигнат до втората победа во групната фаза од Европското Првенство за играчи под 16 години кое се одржува во Бугарија, откако вечерва го победија составот на Луксембург со 75 – 71.

 

Македонските кошаркари направија голем пресврт откако на 3 минути пред крај на натпреварот губеа со 4 поени разлика. Со агресивна одбрана и мудра игра во нападот младите сили на Македонија најпрво се вратија во игра а потоа и го преземаа водството.

Најефикасни во македонскиот состав беа Митевски со 20 поени и Наумовски со 19. Најдобар поентер во составот на Луксембург беше Вламинк со 22 поени.