Де Роси ја побара подршката од навивачите пред големиот натпревар

 

 

Даниеле Де Роси, испрати видео порака до сите Италијански навивачи, кој што синоќа ќе го следат дуелот од квалифакациите за Светското Првенство против Шпанија.

Натпреварот ќе започне во 20:45 минути, а Роси ја побара подршката која вечерва може да биде клучна:

„Ова ќе биде долга вечер, го играме најважниот натпревар од овие квалификации“. – Рече Де Роси во пораката.

„Сакам да им се заблагодарам на сите фанови, кој што вечерва ќе бидат на стадионот, знам дека ќе има преку 2.000, и сите оние кој што ќе го гледаат натпреварот пред малите екрани“.

„Ве замолувам за ваша подршка, а ние за возврат ќе дадеме се од себе да го победиме Шпанскиот тим“.- гласеше видео пораката на Де Роси.

Италија досега нема победа над Шпанската селекција, во последните 68 години.