Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот на Милан, Андреа Конти, според информациите избегнал сериозна повреда, по репрезентативниот дуел на Италија против Израел.
Првитее информации беа дека фудбалерот го повредил скочниот зглоб, но по деталните прегледи направни оваа утро, лекарскиот тим на Италијанската репрезентација потврди дека не е ништо сериозно и играчот се здобил со лесна повреда.
Конти изјави дека чуствувал големи болки по натпреварот со селекцијата на Израел кој Италија го доби со 1-0, но според лекарите тој би требало да биде на располагање на Милан, кој веќе овој викенд му гостува на Лацио, во Рим.