Доверливи медиуми јавуваат, Јувентус ја прифати понудата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конечно пронајдоа заеднички јазик, наскоро може да го имаме и најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Погба ќе биде нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, јавуваат од Скај Спортс.

Доколку следевте што се случуваше во последните денови за овој случај, тогаш знаевте дека Раиола бараше огромна провизивија од Јунајтед, дури 20 милиони евра, и дека баш поради тоа се „закочи“ и се мораше тоа да се реши.

Сепак, сега Раиола прифати да земе далеку пониска сума на пари за провизија, па Јувентус прифати 115 милиони евра за Пол Погба кој во наредните неколку дена може да стане официјално фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Наскоро треба да биде организиран и нов лекарски преглед, поради тоа што првиот е откажан.

Значи, на крајот попуштија и Раиола и Манчестер Јунајтед, Јунајтед прифати да плати на менаџерот провизија, но значително помала од таа од бараната во прв момент.

Токму е ова начинот на кој Јувентус го исплати Гонзало Игуаин кој стигна за 90 милиони евра во Торино, како што многумина претпоставуваа.