Разиграниот ПСЖ прочита лекција на Реал


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


ПСЖ пред 86 641 навивачи во Охајо во склоп на International Champions Cup го победи со 3:1 Реал Мадрид.

Парижаните поведоа веќе во 2 минута кога 18-годишниот Иконе помина низ одбраната на Реал Мадрид и тогаш со удар од 13 метри погоди покрај Касиља. Иско врати две минути подоцна со удар од 20 метри, но топката помина покрај голот.

Во 18 минута Ковачиќ од косо од десната страна од работ на шеснаесетникот шутираше, но Трап успеа со врвот на прстите да го спаси својот гол. Кавани во 27 минута имаше одлична шанса, шутираше од 10 метри, но Варан во последен момент тоа го блокираше.

Само две минути подоцна повторно Кавани повторно после уфрлување од десната страна, стигна до топката пред Варан, но од пет метри шутираше покрај голот.

Во 35 минута Ковачиќ згреши и погрешно додаде во сопствениот шеснаесетник, само до Мение, кој од 20 метри неодбранливо погоди за 2:0. Пет минути подоцна веќе беше 3:0, а стрелец повторно беше Мение, кој проба несебично да додаде, но топката се одби, па тогаш од пет метри лесно погоди за својот втор гол.

Кралевите во самата завршница од второто полувреме намали на 3:1. Орие во 45 минута со рака во шеснаесетникот ја блокираше топката на Иско, а сигурен реализиратор од белата точка беше Марсело.

Зидан на полувремето ги промени сите 11 играчи, а шанса меѓу останатите даде и на синот Енцо. Темпото падна во продолжението, Кралевите имаа доминација, а  првата шанса ја имаше ПСЖ. Во 52 минута Ди Марија даде долга одлична топка, Кавани шутираше од прва од 14 метри, но Јанез одлично тоа го брани.

Кај Реал најопасен беше Асенсио, но неговите обиди во 60 и во 66 минута отидоа преку голот.

Кавани повтроно беше во одлична позиција во 68 минута, но ударот од прва од 14 метри замина покрај голот.

До крајот на натпреварот вреди да се издвои ударот на Диаз и на Ди Марија од друга страна, но резултатот не се менуваше, па така ПСЖ стигна до заслужена победа.

Интересно, иако вчера стигнаа во САД, на клупата кај Реал се најдоа Лука Модриќ, Серхио Рамос и Хамес Родригез, но шанса за игра не добија.