Сити најскап тим на светот, изненадување меѓу фудбалерите


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Англискиот Манчестер Сити е најспак тим во светот според проценките на Центарот за фудбалски истраживања (CIES).

Вкупната вредност на Граѓаните според CIES изнесува речиси 1,2 милијарди евра, а најскап играч на овој тим е Кевин Де Бруин, чија вредност се проценува на 144.5 милиони евра.

На второт место е уште еден англиски тим. Се работи за Тотенхем кој вреди 1,17 милијарди евра, додека на трето место е Барселона со 1,13 милијарди евра.

Од тимовите кои според CIES вредат повеќе од милијарда евра на врвот е само уште Челси, додека во топ 10 се Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Ливерпул, ПСЖ, Атлетико Мадрид и Јувентус.

За најскап играч, според алгоритамот кој е развиен од страна на CIES е прогласен Нејмар кој вреди 218 милиони евра, а потоа следи Хари Кејн од Тотенхем со 186 милиони евра, интересно е тоа што на третото место се наведува Луис Суарез со 134 милиони евра.