Јувентус се брза, но Заза не се грижи, не сака од Италија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После доаѓањето на Игуаин, деновите на Симоне Заза се одбројани. Јувентус веќе најде четврт напаѓач, но Италијанецот има други планови!

Симоне Заза одби премин во Вест Хем или Волфсбург. Сумите се фанцинантни, Германците беа спремни да платат околу 25 милиони евра за италијанскиот репрезентативец кој беше џокер на Макс Алегри во минатата сезона.

Тој само пет пати беше стартер, но даде еден гол против Наполи со кој Јувентус ја превзеде челната позиција на табелата и повеќе не се ни споменуваше.

Со доаѓањето на Игуаин, Заза е прекуброен, иако Јуве има четири напаѓачи.

Имено, Бјанконерите ја завршуваат работата со Габриел Барбоса, „Габигол“ а вчера призна дека сака во Јувентус, а неговиот менаџер Вагнер Риберио дека сака во Италија.

Всушност, Јувентус веќе се договори со Сантош да плати 20 милиони евра, остана да се најде договор со играчот и неговиот менаџер кој го поседува остатокот од договорот.

Јасно, Јуве планира дел од трансферот да го финансира од продажбата на Заза, а со доаѓањето на суперталентираниот Бразилец ќе имаат застрашувачки квартет на напад, Дибала, Манџукиќ, Игуаин и „Габигол“. Се верува дека Бразилецот ќе има простор да игра во Серија А и дека лесно ќе созрее во наредната сезона, поради тоа што се очекува целосна доминација на Бјанконерите во домашниот шампионат.

Но, Заза не сака надвор од Италија, тој чека понуди од Рома и Милан. Рома тешко ќе ја плати посакуваната оштета на Јувентус, не можат да го продадат Џеко, па таа солуција е малку веројатна, а во Милан и не треба да се зборува, немаат пари. Се споменуваше и Наполи, но, односите се такви што тешко се преговара после трансферот на Игуаин.

Заза чека, ако остане во Јувентус и како четврт напаѓач, малку ќе игра, сака да биде стартер, но не надвор од Серија А. Како што рековме, Јувентус се брза да заврши со Габигол пред Олимписките игри, но сега продажбата на Заза целиот трансфер го кочи.

.