„Кога потпишав за Барса, Роналдо ме повика“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Новиот играч на Барселона Андре Гомеш откри дека го повикал Кристијано Роналдо после што потпиша за Каталонците.

Гомеш бираше меѓу двата шпански гиганти, но на крајот го прифати повикот од Каталонија. После што и официјално потпиша за Барса, Гомеш се повикот го изненадил Кристијано Роналдо, лидерот на Реал Мадрид.

„Разговарав со Роналдо, ми честиташе и ми посака се најдобро. И понатака ќе бидеме ривали на теренот, како што беше случајот додека играв во Валенсија, но надвор од теренот сме вистински пријатели“, изјави Гомеш.

Ќе има Гомеш голема чест да ја дели соблекувалната и со Меси, а и со Роналдо. Со едниот во репрезентацијата на Португалија, а со другиот во Барселона.