Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер кариерата ја продолжува во Валенсија.
Десниот бек на Барселона Мартин Монтоја е нов член на Валенсија со која екипа потпиша договор на четири години.
Каталонците не заработија ништо од неговата продажба, поради тоа што Монтоја е ставен на трансфер листата како слободен во изборот на нова средина.
Тој во сабота ќе ги изврши лекарските прегледи после што ќе биде промовиран како нов член на „Слепите Лилјаци“.
Монтоја минатата сезона ја помина на позајмици во Интер и Бетис, а претходно целата кариера ја играше во Барселона и ги помина сите млади категории.
Да потсетиме, пред Монтоја, Барселона ја напуштија тројца дефанзивец – Дани Алвеш (Јувентус), Марк Бартра (Борусија Дортмунд) и Адријано (Бешикташ), а заминаа Алекс Сонг (Рубин Казан) и Сандро (Малага).