Господо од Лориент, дали знаевте дека Роналдо ги чита вашите твитови? (ВИДЕО)

Еве што денес напишаа луѓето кои го водат официјалниот Твитер профил на францускиот клуб Лориент.

Тие по натпреварот беа критички настроени кон првата ѕвездата на Португалија, а можеби и на Евроспкото првенство, Кристијано Роналдо.

Луѓето од Лориент потсетија на крајот на натпреварот кога Роналдо ја прифати одговорноста да шутира слободен удар при резултат 1:1 од кој го погоди живиот ѕид.

Веднаш после таа снимка која ја објавија во Лориент прикажан беше детал од крајот на натпреварот помеѓу Лориент и Генган, тогаш при резултат 3:3, Рафаел Гареиро ја превзема одговорноста и погоди за 4:3.

Дали мислите дека сега е моментот нешто да се промени во репрезентацијата на Португалија?