Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот шпански фудбалер е спремен во наредната сезона да го завземе местото крај десната аут линија.
Дани Алвеш си замина од Барселона бесплатно, но тимот од Каталонија не пронајде негова замена.
Иако заминаа и Адријано и Мартин Монтоја, Луис Енрике не е загрижен поради тоа што крај десната аут линија ги има Алеиш Видал и Серхи Роберто.
Шпанецот во минатата сезона неретко играше на позиција десен бек и тврди дека тоа место не му е чудно.
„Сеуште не сум разговарал со тренерот за својата позиција во тимот, но мислам дека нема да има ниту потреба, бидејќи од тренинзите веќе гледам дека ќе играм на позиција десен бек. Немам проблем со тоа, но таа е една од позииците на кои можам да играм, во минатата сезона не ми одеше лошо, а беше многу тешко да се изборам за место во средината на теренот“, рече Роберто и додаде:
“Да играте бек во Барса не е толку подруго од играта во средниот ред, бидејќи секогаш ја имаш топката во нозете и секогаш одиш кон напред. Дани Алвеш ми е пример кога ќе зборуваме за позиција десен бек. Во минатата сезона сметав дека е најдобра опција да заминам, но поради забраната за регистрација на играчи одлучив да останам и погодив, бидејќи одиграв голем број на натпревари“, истакна Роберто.
Конкуренцијата во средниот ред во оваа сезона ќе биде уште поголема бидејќи стигнаа Денис Суарез и Андре Гомеш, додека Серхио Сампер стана првотимец.