Мојс доведува играчи на кои Моу не смета

Откако официјално стана нов тренер на Сандерленд, шкотскиот стручнак Дејвид Мојс не штеди време при преговарање со потенцијалните засилувања.

Први на листата на желби му се Маруан Фелаини и Аднан Јанузај, двоецот кој добро го познава, што од Евертон што од Манчестрер Јунајтед.

Се очекува дека тие двајцата нема да  добиваат доста време на теренот кај Жозе Мурињо, а за тимот од Сандерленд би претставувале значајни засилувања.

Иако Мојс игра на картата на добри односи со двајцата, проблем ќе биде цената. Цената за двајцата играчи е 45 милиони фунти, за Фелаини треба да издвои 20, а за Јанузај 25 милиони фунти.