Лудило во Каталонија: Реал падна во 93. минута


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид без Кристијано Роналдо гостуваше во Каталонија кај Еспањол и на крајот беше поразен со 1-0.

Не се баш чести натпреварите каде што овој тим на Реал не постигнува погодок, но Еспаљол го пронајде лекот за тимот на Зидан и на крајот со гол во судиското продолжение дојде до победа.

Од почетокот гостите тргнаа кон голот на домаќините и се редеа шанси, додека пак Жерард Морено на другата страна беше сериозна закана за Навас.

Во првото полувреме Реал беше подобар, но во вториот Еспаљол беше поопасен, а Дуранте во 50. минута ја застресе стативата на голот на Кралевите. Еспањол играше навистина добро и доколку Реал ги однесеше трите бода дома, немаше да биде заслужено/

Во судиското продолжение Жерард Морено по нафрлување од Гарсија постигна погодок за победа на домашната екипа.

Реал останува трет со 51 бод, додека водечката Барса има 65, а второпласираниот Атлетико 58 бодови. Еспањол сега е 13. со 31 бод.