Челси сака уште еден играч од Реал, во случај на понуда за Азар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Челси има намера во текот на наредното лето од Реал да го вклучи и везниот играч Касемиро во трансферот на Еден Азар.

Од порано е познато дека Перез има намера на лето да го доведе Азар и дека Белгиецот е една од неговите најголеми желби.

Сепак, работата со Челси нема да оди така лесно, а доказ за тоа е дека Плавите сакаат во спротивен правец Реал да го пушти Касемиро, пренесува Дон Балон.

Истиот извор наведува дека освен Касемиро, Челси ќе бара дури 100 милиони евра за да го пушти својот најдобар играч.

Дали ќе ги прифати овие услови Реал и колку има вистина во ова, останува да видиме во наредниот период.