Фудбалерот на Арсенал заработува 200 илјади евра, а неговата мајка е бездомник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Примеров подолу е доказ за нажалост лошите односи меѓу мајка и син и ни доаѓа од Лондон.
Се работи за односот меѓу младиот фудбалер на Арсенал, Ејнсли Мејтленд- Најлс и неговата мајка Џул.

Ејнсли Мејтленд-Најлс заработува по 50 илјади евра неделно, односно околу 200 илјади месечно, но неговата мајка Џул наскоро ќе биде избркана да живее на улица.

Таблоидот Сан откри дека таа е бездомник, додека Ејнсли има голема плата и живее луксузен живот во вила која вреди речиси милион евра, а неговата мајка Џул добила шест месеци да најде живеалиште, во спротивно ќе биде избркана од местото во кое живее сега.

„Живеам во метален контејнер кој нема ни тепих, ни прозор, ни тоалет. Мојот син Ејнсли би можел од една неделна плата да ми купи станче, но додека тој игра за Арсенал, јас сум бездомник“, раскажа Џул.

Се огласи и фудбалерот на Арсенал кој се обиде да се оправда. Тој изјавил дека неодамна и дал на мајка му голема сума пари, но не сакал да раскажува детали од меѓусебниот однос.