„Руни е совршен партнер во нападот“

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ во ова лето стигна како големо засилување во Манчестер Јунајтед.

Ибрахимовиќ во минатиот викенд дебитираше за Црвените ѓаволи во пријателскиот натпревар против Галатасарај и веќе после четири минути постигна гол.

Швеѓанецот изјави дека едвај го чека почетокот на новата сезона во Премиер лигата“,

„Не е вистина дека имам проблем со Вејн Руни тоа се приказни што ги пласираат медиумите.

Вистина е дека едвај го челам почетокот на сезоната во Премиер лигата и знјам дека Руни е совршен партнер во нападот“, рече Ибрахимовиќ и додаде:

„Никој не се потсети на моите изјави од пред неколку години. Ме прашаа со кој сакам да играм во нападот и јас реков Руни“.