Што ни донесува новиот ПЕС 2017?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата од Јутуб каналот “PlayStation Access” ни ги претстави новитетите во најновото издание на фудбалската симулација “Pro Evolution Soccer”.

На средината на септември (13) не очекува и официјалното “пуштање“ во продажба најновото издание на “Конами“ фудбалската симулација „ПЕС 2017“.

Во новото издание ќе има неколку важни промени.

  1. Голмани

Чуварите на мрежите во новото издание ќе бидат многу добри. Нивните рефлекси се подобрени, брзо се движат и генерално нивните анимации ќе бидат брзи. Тоа им овозможува подобри интервенции, а нема сомнеж дека љубителите на играта поради „новите“ голмнани често ќе бидат на работ од бес.

  1. Изгледот на лицата на играчите

Делува дека и овој пат стручнаците од „Конами“ се надминаа сами себе по прашањето на графиката. Лицата на фудбалетите во новото издание ќе изгледаат многу пореалистични.

  1. Движењето на топката

Топката во новото издание ќе се движи по мислење на момците од “PlayStation Access” каналот со доста реалистично. Пасовите во простор по висина, центаршутевите и шутевите се благо успорени, тоа ќе влијае на темпото на игра, а во приложената снимка проценете колку сега “гемплеј“ ќе изгледа пореално.

  1. Поставување на тактика

Самиот изглед за поставување на тактика ќе биде подруго, а во 17-ка ќе можете и подобрување да подесите и во тактиката.

  1. Анимација на мрежата и камера во голот

Кога ќе ја затресете мрежата, таа ќе продлжи да реагира далеку поприродно.

Додадена е и камера во самиот агол, кога ќе се повтори снимката од погодокот.