Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гаучосите во Русија заминаа со големи очекувања и надеж дека конечно ќе дојдат до титулата светски шампиони. Сепак, после очајната игра во групната фаза, Аргентина веќе излезе во осмина финалето после поразот од Франција со 4:3.
Во аргентинските медиуми се крена голема бура околу случувањето на Светското првенство, а најмногу на удар беше селекторот Сампаоли. Нему најмногу му замерија поради составот кој го однесе на Светското првенство но и на начинот на кој ги правеше составите за време на натпреварите.
Невиден дебакл се случуваше и на трибините каде се наоѓаше легендарниот Диего Армандо Марадона кој со последниот атом на силите ги бодреше Гаучосите. Марадона после се изјави дека повторно е спремен да се врати на клупата на Аргентина и да донесе на оваа екипа успех кој се очекуваше.
,,Спремен сум да се вратам и да бидам селектор и навистина сакам тоа да се случи. Доколку некој ме побара од Фудбалскиот сојуз на Аргентина спремен сум да работам бесплатно. Не ми треба никаква плата”- изјави Марадона.