Емотивни зборови на Фалкао после поразот од Англија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот напаѓач на репрезентацијата на Колумбија, Радамел Фалкао (32) на емотивен начин го коментираше излегувањето од Светското првенство на неговата репрезентација.

Колумбија после пеналите излезе од осмина финалето од Англија, а напаѓачот истакна дека му е скршено срцето, но дека е горд на она што го направија во Русија.

„Со скршено срце, но и горд за сето она што го направивме на Светското првенство. Горд сум на овој тим, дадовме се од себе. Горд сум што сум Колумбиец“, изјави Фалкао.

Легендарниот напаѓач веројатно го одигра последниот Мундијал, бидејќи има 32 години.