Одлука каква што донесе Балотели, не може да донесе секој


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели одби неверојатна понуда од Кина.

Како што наведува Скај Спорт Италија, неименуван кинески тим му понудил на Балотели плата од 30 милиони евра годишно, но Марио тоа го одбил.

Тој не сака во Кина. Верува дека уште многу може да направи во Европа, а желба му е да биде дел од репрезентацијата, па ја одбрил богатата понуда.

Италијанецот минатата сезона ја помина во Ница, иако договорот му истече, новиот клуб поради одредени ставки ќе мора да му исплати на тимот на Ница 10 милиони евра, а понуди за Балотели и тоа како има.

За сега најголем фаворит е Марсеј, а исто така Марио се поврзува и со Наполи.