Јуве не ја заврши потполно работата во Мадрид

Кристијано Роналдо стана нов играч на Јувентус, но Старата дама наводно во Мадрид сака да заврши уште една работа.

Како што наведуваат италијанските медиуми, Бјанконерите после Роналдо, тргнуваат и по бразилскиот бек Марсело, а овој трансфер наводно би се реализиран после продажбата на Алекс Сандро.

Овој фудбалер се поврзува со многубројни тимови, го сакаат Сити и Јунајтед, Челси и ПСЖ.

Парите од продажбата на Алекс Сандро ќе ги вложи во доведување на Марсело. Овде голема работа би завршил токму Роналдо кој е во одлични односи со Марсело.