„Лага е дека Хумелс го плативме 38 милиони евра!“

Претседателот на Баерн Карл Хајнц Румениге ги демантираше општо прифатените приказни дека Баерн Матс Хумелс го плати 38 милиони евра.

„Често ја читам таа сума, но тоа е премногу, не е точно“, рече тој.

Секако, не скааше да го откри износот на оштета кој Баерн го плати на Борусија Дортмунд за стоперот кој Карло Анчелоти многу го сакаше, пишува Гоал.

„Тој и Џером Боатенг ќе бидат одличен одбранбен двоец“, додаде Румениге.