Барселона понуди 50 милиони евра и двајца фудалери за Погба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Погба никако не успеа да го покаже она што го знае во Манчестер Јунајтед, а не е тајна дека не е се во некој идеален однос со Мурињо.

Се чини дека Раиола одлучил да го „спаси“ Погба, а после појавувањето на веста за средбата со челниците на Барса, стигнува информација за прва понуда на Каталонците за услугите на одличниот француски играч за врска.

Угледниот италијански новинар Џанлука Ди марцио соопшти дека Барселона понудила 50 милиони евра, но и Јери Мина и Андреа Гомес во замена за Погба.

Сепак, оваа понуда експресно била одбиена, а наводно Јунајтед не се мислеле ниту секунда да го заменат својот фудбалер за фудбалери кои се веќе отпишани од Барселона.

Меѓутоа, не треба да се исклучи можноста дека од Барса може да пристигне нова, побогата понуда за Погба.