Дали ова е добра работа? Јуве за Погба доби помалку од што плати за Игуаин

Иако италијанските медиуми се преполни со други бројки, официјалниот документ на Јувентус покажа нешто друго. Кој го плати Раиола?

Пол Погба е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед,

Во Италија тврдат дека договорот е 105 милиони плус 5 милиони бонуси. 110 милиони евра на две годишни рати.

Кога ќе се додадат клаузулите за бројот и квалитетот, како и провизијата на Раиола од 20 милиони, наводно трансферот е 140 милиони евра.

Но, официјалните документи покажаа нешто друго.

Јувентус соопшти дека Погба е продаден за 105+5 милиони, но приходот од трансферот е 72.6 милиони.

Во клубот останаа 72.6 милиони евра.

Се поставува прашањето, што е со остатокот од парите?

Профитот од французинот не е доволен за Игуаин.

Ќе мораме да го чекаме и официјалниот годишен извештај на Манчестер Јунајтед, да видиме дали сумите ќе се поклопат, но не изгледа како добра работа.