Наинголан е човек од збор: Вети дека останува во Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Изгледа дека е многу одлучен за тоа да даде придонес на овој тим и во наредната сезона“, кратко порача Лучиано Спалети.

Тренерот на фудбалерите на Рома Лучиано Спалети рече денеска дека белгискиот репрезентативец Раџа Наинголан вети дека ќе остане во тимот, и покрај големиот интерес на Челси.

Во претходната недела во англиските медиуми се појави информација дека лондонскиот клуб нуди 30 милиони за услугите на Белгиецот, а тоа ќе биде втора голема загуба за Римјаните во ова лето, после што Миралем Пјаниќ го засили Јувентус.

„Мислам дека Наинголан останува во Рома. Тој е човек од збор и даде ветување. Изгледа е многу одлучен во тоа и ќе даде придонес во овој тим и во наредната сезона“, кратко искоментира Спалети за Скај Италија.

Наинголан во текот на кариерата настапуваше за Пјаченца и Каљари, пред што во јануари 2014 година стигна на позајмица во Рома, додека официјален договор со клубот попиша на крајот на сезоната.

Досега за Волчицата запиша 107 настапи и постигна 13 голови.

Рома сезоната ја заврши на третата позиција во Серија А со 80 освоени бодови и шанса за низ квалификациите ќе бара за ЛШ.